POWERPACK
Discover more
POWERPACK
GUIDELINE
SCRIPT
Mulab
Discover more

Каква алатка претставува “power pack”? За нас, тим млади креативци во Италија, оваа алатка е креативен проект и процес сам по себе. Сакаме да веруваме дека оваа алатка е патека направена од чекорите кои ги изодевме креирајќи го нашиот креативен проект.
Дали и ти размислуваш да создадеш некаков проект, кој би значел користење и на дигиталниот простор? Тогаш сигурно си на вистинското место.

За создавањето на нашата алатка, користевме помош од ментори и тутори, некогаш и други возрасни личности чија креативна проценка ни значи. Ако знаете некој (тутор, ментор, помагач или некој кој креативно ве инспирира) и кој би можел да ви помогне да се поврзете со професионалци од полето на вашиот интерес, ви препорачуваме да им се обратите и побарате поддршка. Во нашиот случај, ова ни помогна да заштедиме време, да се фокусираме на нашите крајни рокови и да уживаме во креативниот процес.

Нашиот тим го презеде начелото при создавањето на нашиот креативен проект, користејќи ја помошта на помагачите од Mulab за поддршка кога беше потребна. Идејата зад проектот беше да се создаде видео поткаст, кој треба да биде споделен со јавноста како пример за дигитално ПРЕЗЕМАЊЕ.

Намерата на упатствата кои ги споделуваме се само поддршка во разбирањето на целиот процес во создавањето на еден креативен проект. Вие и вашата група можете самите да создадете свои т.н упатства преку самиот процес или веќе видени практики, адаптирани на вашите потреби и интереси (кратки видеа, интервјуа, поткасти, списанија, музики, блогови..)

Споделените упатства беа продуцирани додека бевме ангажирани за работа на креативен проект во рамки на Еrasmus+ програмата на ЕУ, со наслов “Big Time Takover”. Нашите ментори, не поканија да “заземеме дигитален простор” и будно не следеа во процесот додека беше создаван. Во основа, не предизвикаа да ги поднаучиме по нешто за дигиталните алатки и работите кои се во наш интерес, со акцент на тоа да им покажеме како ние ги осознаваме нашите интереси преки користењето на тие алатки. Нам ни се чини дека научија доста од дискусиите кои ги имавме.

Уживавме во целиот процес, особено бидејќи платформата за соработка се базираше на меѓусебен непречен дијалог и воздржување од било каква осуда на сметка на фаворизирањето на дебата, слушањето на нашите потреби, интереси и мислења.

Доколку сакате да се испробате во преземањето на некаков дигитален простор и да создадете ваш креативен проект со група на пријатели и соученици, погледнете го нашето едноставно упатство кое искрено се надеваме ќе го најдете за корисно!

ЧЕКОР 0 – ДА ЗАПОЧНЕМЕ...

I – “Прочитајте ја собата”: Ако сметате дека вие или некој од вашата група би сакал/а да истражи некаков сегмент од дигиталната средина, размислете да повикате тутор, помагач или личност на која креативно и верувате и ве инспирира да ви помогне во фокусирањето на вашиот интерес и ви овозможи правилно покренување на дигиталните комуникациски протоколи.
Понекогаш, туторите можеби не се доволно информирани и го немаат потребното ниво на познавање за дигиталните алатки кои му се потребни за развојот на проектот вам и на вашио тим, затоа е потребно да му помогнете на вашиот тутор да развие НЕ стандардизиран вовед, пристап кој е соодветен за вашето ниво.

За таа цел, овде може да најдете материјали кои може да ги споделите со вашиот фасилитатор, тутор или ментор за да биде во тек со вашите потреби. Проверете го самите!

Воведен материјал за дигитални вештини
на Rinova

II – Дали вие, вашите деца и млади луѓе кои ги познавате, вклучувајќи ги и вашите најблиски пријатели имате целосно право да живеете долг и среќен живот? Ова е наменето за сите аспекти на живеењето, од правилна исхрана до можноста за безгрижна игра, изразување на сопствени вредности и убедувања.. Нашите партнери од фондацијата Hope for Children на следниот линк собраа корисни материјали кои ве охрабруваме да ги проверите и споделите со вашите соработници!И.. зошто не би ги споделиле и со возрасните кои ги познавате?

Воведен материјал за Културно изразување и Правата на детето од Hope for Children
.

[Сметаме дека разумно време за изучување на овој материјал е 1 до 2 недели, но секако може да го испланирате вашето време со вашиот тутор и врз база на вашите потреби]

ЧЕКОР 1

Запомнете дека процесот на носење одлуки е само ваш. Вие и вашата група на соработници имате задача да одберете и создадете на кој вид содржина ќе работите, темата која ќе разработувате, кој вид на медиум ќе го користите, кој канал за промоција, стил, уметничка форма…

[Препорачна временска рамка за размена на спонтани идеи: 1 недела]

Пример: Тимот од Италија дојде до интересна идеја за развој како и за содржината која би не направила среќни да ја креираме, додека тимот беше целосно посветен на тоа да ја одржи атмосферата во позитивна насока на делување, како и позитивен однос кон дебатата за користење на дигиталните алатки помеѓу нас, младите и возрасните.

ЧЕКОР 2

Понекогаш, за време на креативниот процес за развој на вашиот проект, може да се почуствувате збунети од повеќе причини: може да имате премногу идеи оддеднаш или можеби немате некоја доволно убедлива идеја. Да го избегнете ова, можеби е најдобро да го прашате вашиот тутор да се постават некакви рамки на самиот почеток пред започнувањето на креативниот процес, со цел поефикасно да се усмери креативниот тек.

[Предложена временска рамка за кусата фаза за советување: 1 недела]

Пример: Тимот од Италија дојде до интересна идеја за развој како и за содржината која би не направила среќни да ја креираме, додека тимот беше целосно посветен на тоа да ја одржи атмосферата во позитивна насока на делување, како и позитивен однос кон дебатата за користење на дигиталните алатки помеѓу нас, младите и возрасните.

ЧЕКОР 3

Секогаш целете кон тоа да го достигнете максимумот во создавањето на вашиот креативен проект! Така само треба да се размислува!!! Кога веќе вие и вашиот тим одлучивте каков вид на содржина ќе развивате и создавате, не заборавајте да го консултурате вашиот фасилитатор или тутор да ве поврзе со други ментори од полето на интерес, кои би ви помогнале во процесот и би ви дале дополнителна поддршка.

[Предложена временска рамка за развој: 2 до 4 недели]

Пример: Во нашиот случај, ги замоливме нашите фасилитатори од организацијата Mulab да ни закажат средби со професионалци кои би ни помогнале за работа со камера и снимање, како и режирање на кратки содржини. За таа цел, закажавме неколу супер средби со Валеријано Солфити, уметник актор и режисер кој ја поддржа работата на нашата група по потреба за време на процесот за развој на проектот.

ЧЕКОР 4

Планирајте но и уживајте во фазата на експериментирање со вашите првични активности, особено преку замена на улоги на поединците во развојот на креативниот процес. За да го постигнете тоа, откако ќе одлучите каков вид на креативен проект сакате да продуцирате, обидетете се да вежбате и тренирате активности кои можеби не се најдиректно својствени за вашите вештини, но се мали и дноставни за создавање. Замолете ги вашите фасилитатори да помогнат, за тоа се и тука за вас!!

[Предложена временска рамка за развој: 2 до 4 недели]

Пример: Во нашиот случај овде во Италија, работевме на создавање на видео содржина, односно кратки комични видеа кои би биле споделувани на Instagram. Целиот наш тим имаше различни улоги. Нашите фасилитатори од Mulab ни помогнаа да ги создадеме овие кратки видеа кои би биле споделени, евентуално и во рамки на BTTO каналите за споделување во рамки на проектот. Во тој случај, нашата улога беше создавање на содржина која генерално ќе биде пренесена преку каналите на организацијата Mulab.

Погледнете ги нашите примери овде

ЧЕКОР 5

Погрижете се дека вие и вашиот тим ќе имате реална проценка за време на креативниот процес за се она ново што го осознавате и новите вештини кои ги користите за да го достигнете резултатот. Верувајте ни, ќе развиете многу повеќе вештини отколку што очекувате. За да го увидите тоа, мора да обрнете малку повеќе внимание на себе и на вашиот тим. Исто така, можете да го прашате вашиот фасилитатор да обрнува внимание на овој аспект од фазата за развој преку директна опсервација и нудење на евентуална помош.

[Предложена временска рамка за развој: 2 до 4 недели]

Пример: Повторно во нашиот проект, додека работевме нашиот фасилитатор беше постојано присутен и со нас, набљудувајќи го нашиот процес. Неговото вклучување беше проактивно и фокусирано на практичен начин, со директни совети, но одбегнувајќи туторство во форма на “предавање”.

ЧЕКОР 6

Дали знаете дека постојат европски модели и рамки за набљудување на вештините кои ги развивате додека го развивате вашиот креативен проект? Прашајте го вашиот фасилитатор да ги сподели со вас оние кои се најважни и најрелевантни! Корелацијата меѓу вештините и активностите кои ги преземате може да ви дадат дополнителен мотив додека дебатирате со вашите другари или возрасни лица во врска со вашиот проект или дигиталните вештини генерално.

[Предложена временска рамка за развој: 2 до 4 недели]

Пример: Во нашиот случај, со нашите фасилитатори од Mulab дискутиравме за дигитални компетенции, претприемништво, учење за да научиме, воведување на меки вештини во дијалог итн.

ЧЕКОР 7

Погрижете се дека вие и вашата група посветувате доволно време за активности кои ќе ви помогнат да рефлектирате кон она што е постигнато. Ова е важно бидејќи со тоа, развивате поголема свест за себе во целиот процес како и можноста да добиете и испратите ваши видувања за истиот.

Оваа пракса за рефлектирање кон постигнатото, може да се искористи за да се здобиете со поголема и подлабока анализа на темата, како и доволна мотивација и самодоверба за фокусирање на понатамошните фази од проектот и дополнителен развој на вештини. Колку повеќе го вежбате овој дел, толку повеќе ќе имате самодоверба во јавни излагања и дебати со ваши пријатели, возрасни луѓе, а особено дебати со оние кои имаат различно мислење од вашето. Вашите фасилитатори треба да ви овозможат простор за дискусии, дебати, време за рефлектирање на постигнатото, слободно прашајте!!!

[Предложена временска рамка за развој: 2 до 4 недели]

Пример: Во нашиот случај, ги замоливме нашите фасилитатори да организираат сесии во кои би дискутирале на теми поврзани со подобрување на процесот на развој, како и за подобрување на вештините кои ги имаме или оние кои сме ги откриле како нови за време на развојот и на кој би можеле да се фокусираме понатаму.

ЧЕКОР 8

Откако ќе имате прилика да се навратите кон се она што го постигнавте како вештини и способности – секако ќе сакате да ги споделите со оние кои се надвор од кругот на вашето работење. Сега кога имате и поголема самодоверба, продуцирајте едно парче содржина по ваш избор, во вид на “кратка научена лекција” која би била споделена со публика или пријатели. Покажете им ги резултатите од вашиот проект, со фокус на процесот кој бил потребен за да се создаде истиот, користените дигитални алатки и технологии и аккои истите помогнаа во процесот на учење и осознавање, како да е совлада одредена алатка и слично.

[Предложена временска рамка за евалуација: 1 до 2 недели]

Пример: Во нашиот случај испробавме два различни пристапи: еден за “едноставен пат”, друг за покренување целосен пат на отпочнување, тест и повторување. Плус на целото тоа, додадовме и дел за за “технолошките состојки” на создржината. Истите може да се видат и во нашето видео (нашиот проект) во 26:00 минута.

СЛЕДЕЈЌИ ГИ ОВИЕ ЧЕКОРИ, ВИЕ БЕВТЕ ЦЕЛОСНО ДЕЛ ОД ЧЕКОРИТЕ ЗА СОЗДАВАЊЕ НА НАШИОТ ПРОЕКТ. АКО СТЕ СЕ УШТЕ ЉУБОПИТНИ ДА ДОЗНАЕТЕ ПОВЕЌЕ, ПРОВЕРЕТЕ ТУКА: КРЕАТИВНИОТ ПРОЕКТ НА ПАРТНЕРИТЕ ОД ИТАЛИЈА

Може да имте свој удел и да ги развиете дигиталните вештини работејќи на било кој креативен проект! Овде можете да најдете и повеќе пример за соодветен тренинг за развој на дополнителни вештини

Polish project (Arteria’s Young People)

ARTzin – nieZNANI/unKNOWN

Cypriot project (Hope For Children’s Young People)

Ambitions for the Future

UK project (Rinova’s Young People)

How to Cope with Social Isolation

Italian project (Materahub’s Young People)

Discovering Matera